Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градската библиотека “Тане Горгиевски“ деновиве доби нови 196 наслови, односно 524 книги од повеќе издавачки куќи.
Набавката е од изборот на книги кои можеа да се видат на последниот саем на книгата во Скопје. Застапени се книги издадени меѓу двата саема. Наскоро, по обработка книгите ќе ги пуштиме за користење. Иако е лето, живо е во библиотеката. На детското одделение дневно поминуваат по 60 деца, а во одделот за возрасни по 100 корисници дневно, некои зајмуваат книги, а други користат интернет, читална, службен весник, периодика - вели Нада Ивановска, директор на библиотеката.
Таа додава дека големиот избор на книги за сечиј вкус го зголемува интересот за читање и расте бројката на читатели.
Во текот на целата година граѓаните се запишуваат во библиотека и зајмуваат белетристика.