Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Додека новата парцела на градските гробишта личи на се` само не на градски гробишта, и со сомнителна сеча на дрвја се уриваат и вандализираат гробни споменици, ЈП „Чистота и зеленило“ се дрзнува гробарината да ја зголеми за 100%, од 506 денари на 1014 денари, велат од партијата Левица, огранок Куманово.
Граѓаните се жалат дека јавното претпријатие не ги одржува гробните места и гробиштата, па јавно го прашуваат директорот зошто е поскапено одржувањето на гробно место?
„Неспособноста на ЈП „Чистота и зеленило“ ја плаќаат граѓаните преку повисоки такси. Зголемувањето на даноците и таксите е одлика на неспособност и расипничко работење. Незадоволството на жителите на Куманово од ден на ден се повеќе расте и истото ќе кулминира со нова народна власт на наредните локални избори“, велат од Левица.