×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните имаат обврска да го исчистат снегот пред зградите и дуќаните, опомени и казни за несовесните

    13.01.2025 15:24 | KumanovoNews

    Шест редари и комунални инспектори се на терен и испорачуваат опомени на правни и физички лица за расчистување на снег на приодите кон нивните објекти- дуќани, стамбени згради и индивидуални куќи.

    Граѓаните имаат обврска да го исчистат снегот пред зградите и дуќаните, опомени и казни за несовесните

    „Согласно законот должност на правни и физички лица е да ги расчистат приодите кон нивните објекти, а за секој несакан настан тие ќе сносат одговорност“, соопштуваат од општинските испекциски служби.

    Ова активност се спроведува во согласност со член 22 на Законот за јавна чистота каде стои дека „во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите“.

    Постарите сограѓани често знаат да кажат дека модерното време донело многу негативни појави и однесувања, несвојствени за лица кои живеат во урбани средини. Се потсетуваат дека во нивно време се знаел „редот“, а денеска не може ниту да стане збор за општествена одговорност и однесување. 

    „Цел ден ќе седат во дуќанот со скрстени раце, не умеат да го зачистат приодот. А токму продавачите најчесто го користат, да излезат да купат нешто за јадење, да фрлат ѓубре и најголема е веројатноста дека токму тие можат да се подлизнат и паднат. Порано се знаеше, секој ќе си исчистеше пред своја порта или влез во дуќан, со тоа се покажуваше домашно воспитување и градско размислување дека сите сме одговорни за нашето опкружување“, констатира 75-годишната пензионерка Н.П.

    Опоментите кои се испорачуваат значат дека во текот на денот треба да бидат исчистени приодите кон продавниците, зградите и куќите најдоцна 6 часа по завршување на врнежите. 

    (фото архива)