Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово, во соработка со Програмата за развој на Обединтетите нации(УНДП), објави јавен повик за сите граѓански организации за учество на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан (ReLOaD 2).
Висината на средствата за одобрени проекти ќе се движи од 307.000 МКД до 1.845.000 МКД. Граѓанските здруженија можат да аплицирааат со повеќе предлог-проекти, доколку вкупниот износ не надминува 3.690.000 денари.
На огласот може да се јават формално регистрирани граѓански организации (асоцијации/организации или фондации), согласно Законот за здруженија и фондации. Областите на кои се однесува повикот се проектите за заштита на животната средина, социјална кохезија и намалување на сиромаштијата,туризам и култура и младински иницијативи.
Рокот за пријавување е од 21.11.2022 до 19.12.2022 до 15 часот. Сите подетални информации за условите и насоките врзани за јавниот повик може да се видат на официјалниот сајт на Општина Куманово (https://kumanovo.gov.mk) и на страницата на УНДП (www.mk.undp.org).
Проектот е финансиран од Европската Унија и се реализира во 6 земји/територии од Западен Балкан, во периодот од март 2023 до февруари 2024 година. Проектите се со предвидено времетраење од 6 до 12 месеци.