×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Грипот попушта-нема заболени од свински грип

    11.03.2011 15:04 | KumanovoNews
    Стивнува грипот во Куманово, велат од Центарот за јавно здравје. Последнава недела регтистрирани се двојно помалку болни во однос на минатиот месец.

    Грипот попушта-нема заболени од свински грип

     ,,Во текот на минатиот месец имавме зголемен број на заболени од грип и заболувања на респираторните органи слични на грипот. Значи, во текот на февруари имавме 1374 заболени што е за двојно повеќе во споредба на претходниот месец јануари. Во текот на неделава имаме регистрирано 222 заболени што во однос на последната недела од минатиот месец бројот на пациенти од оваа болест се намалува. Се намалува и бројот на хоспитализирани пациенти така што  71 пациент веќе ја има поминато фазата на болничко лекување, а на Инфективното одделението моментно се задржани 19 пациенти. Станува збор за компликации поврзани со грипот како што се повишена температура или пневмонија, односно случаи што амбулантски не можеле да се третираат. Во аптеката на Болницата има доволни количини лекови за потребите на пациентите, а истото се однесува и на аптеката на Здравствениот дом. Инаку, во изминатите два месеца од годинава на подрачјето на Општината Куманово не е регистриран ниту еден случај на ,,свински грип‘‘ - изјави за Др. Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Заводот за здравствена заштита.