×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ГРОМ ги промовираше кандидатите за пратеници

    06.04.2014 07:24 | KumanovoNews

     На конвенција во Центарот за култура во Куманово, синоќа ГРОМ ги претстави кандидатите за пратеници во шесте изборни единици.

    ГРОМ ги промовираше кандидатите за пратеници

    Чедомир Саздовски, Виктор Цветковски, Штеријо Николов, Панчо Минов, Љупчо Настовски и Горан Анчевкси, се фронтмените на изборните листи кои ќе ја бараат довербата на граѓаните на престојните парламентарни избори. Сите се претставија пред присутните и побараа подршка за граѓанската опција за да ја сменат црно-белата политичка слика во државата.

    Ние имаме обврска да направиме одлични резултати и да покажеме дека сме различни од другите политички субјекти во државата. Да покажеме дека не води исклучиво интересот на граѓаните и единствено за тоа ќе се бориме. Која е разликата помеѓу нив и нас во изборната единица два ? Носител на листата е првиот полицаец во државата, а втор е спикерот на Собранието. Која е пораката? Дека извршната власт командува со Собранието, дека немаме силен Парламент. Тоа пратениците од ГРОМ ќе го променат. Нема да дозволиме пендрек да игра во Република Македонија, туку ќе се залагаме за владеење на правото и институциите, а ќе се спротивставиме на верската, национална, политичка и секаков вид на друга дискриминација- рече во своето обраќање Виктор Цветковски, носител на листата во изборната единица два.

    На конвенцијата зборуваа и претседателскиот кандидат Зоран Поповски, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, како и коалиционите партнери Кире Гештаковски, Ивон Величковски,Слободан Угриновски и Драгиша Милетиќ.