×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ГРОМ го прослави првиот роденден

    07.11.2014 10:44 | KumanovoNews

    Општинската организација на ГРОМ Куманово, синоќа во партиските простории го прослави првиот роденден.

    ГРОМ го прослави првиот роденден

     На присутните гости, членови и симпатизери им се обрати претседателката на ГРОМ Куманово, Лидија Јовчевска Ивановска, заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов и генералниот секретар на партијата Виктор Цветковски.

    За една година со многу труд ја поставиле општинската организација на здрави нозе и така ќе продолжат и во иднина. Го зголемивме членството, ги запознававме луѓето со нашите идеи, се боревме да придобиеме што е можно повеќе луѓе кои имаат визија како да се подобри нашето секојдневие. Сите заедно уште попосветено работевме во тек на претседателските и парламентарните избори. Не беше лесно, напротив одевме трнлив пат. Иако секој пат велиме можеше и подобро, резултатите не изостанаа. Бројот на собраните потписи за нашиот ценет кандидат Зоран Поповски, како и бројот на освоени гласови за нашиот кандидат за пратеник, Виктор Цветковски не е за потценување“ - рече Јовчевска Ивановска.

    Генералниот секретар на партијата, Виктор Цветковски, објасни дека пред две години се родила идејата за формирање на граѓанската опција, која на 6 ноември лани е преточена во општинска организација.  Цветковски потенцираше дека иако се дел од власта, во општинскиот совет се независни и гласаат исклучиво во интерес на граѓаните.

    „Тоа е задачата на ГРОМ да успееме секогаш власта да ја отрезнуваме, едноставно да ја спречуваме во ароганцијата која може секоја власт да ја презентира. Иако не сме дел од локалната власт успеавме да докажеме дека даваме поддршка и ќе даваме поддршка на сите проекти кои што се од интерес на граѓаните, а истовремено се она што се коси со законот никогаш нема да добие поддршка. На тој начин работиме и реагираме во политичкото живеење. Сето ова покажува дека ГРОМ во нарениот период ќе продолжи да делува во интерес на граѓаните“ - изјави Цветковски.

    На прославата присуствуваше коалициониот партнер Слободан Угриновски од Титови леви сили, Форум на жени од Ѓорче Петров, заменик министерот за локална самоуправа и други членови на највисокото раководство.