×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гром удри во куќа, запали струјомер

    07.08.2014 12:47 | KumanovoNews

    Синоќа додека траеше невремето во Куманово, гром удрил во куќа во центарот на градот и запалил струјомерот.

    Гром удри во куќа, запали струјомер

    Пожарот е предизвикан околу 17 часот на улица “Браќа Филиповиќ„ бр.22, спроти основното училиште “Вук Караџиќ“, во куќата на семејството Арифи.  Броилото било поставено на балконот од куќата. Кога се случило големото електрично празнење дома било дел од семејството.

    „Силниот тресок многу ги исплашил сопруга и син ми, кои биле во собата веднаш до броилото. Откако виделе дека струјомерот гори, веднаш повикале пожарна и екипа на ЕВН. Пожарникарите брзо дојдоа и го изгаснаа огнот. Некој да удри во плех ќе те исплаши, а не пак да удри гром. Сите се чудиме како може гром да удри во толку збиена населба, а во близина нема високи дрвја„, - изјави домаќинот Елмаз Арифи, кој во моментот не бил дома.

    Во куќата денеска немаше струја, па семјството незнае дали електричните апарати се расипани.

    „Јас сум социјален случај и за да ми го сменат броилото треба да ги платам последните три сметки, а не сум во можност така што можеби и цел месец ќе бидам без струја„, - вели разочарано Арифи.

     Тричленото семејство Арифи е од село Романовце, а на наведената адреса живеат под кирија.