Хигиеничари краделе од Транзитниот центар Табановце
08.02.2016 13:47
| KumanovoNews
Двајца хигиеничари краделе разни производи во Транзитниот центар Табановце.

Се работи за Л.М. и Н.Ѓ. вработени како хигиеничари кои за време на викендот украле прехранбени и непрехранбени производи, стои во извештајот од Регионалниот центар за управување со кризи.
Случајот бил пријавен во полиција, по што украдените производи со потврда за вратени работи, потвторно биле доставени назад во кампот.
Нема информации дали против хигиеничарите се поднесени кривични пријави.