Мени

Христос се роди! Навистина се роди!

07.01.2018 12:31 | KumanovoNews

Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање - Божиќ, еден од најголемите и најрадосните верски празници.

Христос се роди! Навистина се роди!

Традиционално големиот празник се дочекува со богата посна бадникова трпеза.

Во сите православни храмови изутринава се одржаа божиќни литургии.

Божиќ се слави три дена.

Традиционално граѓаните слават со богата бадикова трпеза со целото семејство и си го честитаа празникот со зборовите:

Христос се роди! Вистина се роди!