×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хуманитарна акција на Кумановцски акцијаши

    14.01.2016 09:56 | KumanovoNews

     Здружението „Кумановски акцијаши“ стартуваше со хуманитарната акција за прибирање на облека и обувки под назив „Биди хуман и подари“.


    Хуманитарна акција на Кумановцски акцијаши

    Акцијата е наменета за нашите сограѓани бездомници и социјално загрозени семејства кои имаат деца со посебни потреби.

    „Наши екипи веќе работат на терен и ги евидентираат  таквите семејства кои ќе бидат крајни корисници на помош. За акцијата веќе се изработуваат плакати и флаери кои ќе се делат во институции. Пункт за собирање на помош е седиштето на здружението, односно месна заедница Бедиње. Секој ден  од 18 до 21 часот, а за оние хумани луѓе кои сакаат да донираат, а не можат да ја  достават помошта, организираме прифат од нивните домови односно работни места“- рече Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.

    Ова е прва хуманитарна акција за оваа година, а во текот на 2016 ќе бидат организирани повеќе вакви акции.