Хуманитарно музичко дружење со Даниел Кајмакоски
24.12.2015 09:44
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот, Даниел Кајмакоски во соработка со брендот Ladna, организираат предновогодишно музичко дружење со хуманитарна цел.

Граѓаните на Куманово на самиот влез ќе имаат можност да донираат книги или играчки за деца, кои ќе бидат подарени на децата од Детско СОС село по повод новогодишните празници. Настанот започнува во 20 часот и ќе трае еден час.
На настанот се поканети препознатливи локални фирми, организации и соработници.