„И ние можеме„ во хуманитарни цели
Парите собрани од билетите ќе бидат употребени за се подобрат условите за работа во училиштето “Партенија Зографски“, каде настава посетуваат ученици со оштетен говор и слух.

Претставата “И ние можеме“ во која играат ученици со оштетен говор и слух, вчера се одигра во Куманово. Парите собрани од билетите ќе бидат употребени за се подобрат условите за работа во училиштето “Партенија Зографски„ во Скопје.
Наша идеја е да собереме 7000 евра. Со тие пари ќе се вароса училиштето внатре и надвор, да се реновираат и модернизираат просториите за дружба, да се купи уште еден телевизор бидејќи училиштето го посетуваат 140 ученици - изјави Мила Карадафова од КРИК.
Во организација на настанот учествуваше волонтерскиот клуб на ЦИД кој постои една година, брои 8 члена и целта беше и тој да се промовира преку настанот.
Најдовме локација за театарската претстава, локален бенд и ова е еден начин за промовирање на волонтерскиот клуб. Би сакале клубот да го прошириме и за сите млади кои сакаат да се вклучат. Целта на волонтерскиот клуб е да направи нешто за локалното население, да го подобри културниот живот во Куманово и младите да направат свој надоградба - вели Катерина Ѓеоргиевска, координатор на волонтери.
Претставата по Куманово ќе се прикажува и во Кавадарци, Неготино и Скопје.