Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од летните горештини треба да се заштитат и пчелите.
Пчеларите советуваат тоа да се направи со поставување на вентилација на сандаците.
Решетки, мрежи треба да се постават на сандаците или едната страна од пчелникот да биде подигната за 8 цм. Јас имам среќна околност бидејќи моите пчели се близу покрај река, меѓутоа поила се потребни. Покрај секој сандак да има една поило со вода и друго со сол, бидејќи и солта им е потребна на пчелите. Местото каде матицата носи јајца има температура од 32 степени - изјави Бранко Тасевски, пчелар.
Тасевски вели дека доколку е многу топло внатре пчелите нема да излегуваат надвор на паша за да собираат полен.