×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ИН МЕМОРИАM: Почина инспекторот Јане Мургашански

    19.01.2019 22:50 | KumanovoNews

    По кратко боледување, попладнево во 58. година од животот, почина нашиот сограѓанин Јане Мургашански, истакнат општествено-политички работник и дипломиран електроинжинер.

    ИН МЕМОРИАM: Почина инспекторот Јане Мургашански

    Мургашански е роден на 5.12.1960 година во Куманово. Основно и средно училиште завршил во Куманово, а Факултет по електротехника на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

     Мургашански е долгодишен член и активист на СДСМ, советник во Советот на Општина Куманово во мандатот од 2005 до 2009 година, а извршува и повеќе функции во партиските тела. Професионалната кариера ја градеше во Одделението за Пазарна инспекција во Куманово, каде неколку мандати беше раководител.

    Јане Мургашански е син на првоборецот Михајло и мајка Иванка учесник во НОБ.

     Зад себе ги остава сопругата Атина и синот Михаил.

    Погребот на посмртните останки на Јане Мургашански ќе се изврши во понеделник, во 14 часот, на Градските гробишта во Куманово.