×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Иновативен центар за поголема конкурентност

    19.05.2018 11:12 | KumanovoNews

    Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија (ФРМСП) започна со импламентација на проектот "Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност", кој предвидува соработка на приватниот сектор  со претставници од универзитети, кои ќе помогнат при спроведувањето на мерките за зголемување на иновативноста и конкурентноста во целните регони и пошироко.

    Иновативен центар за поголема конкурентност

    Предвидени се конкретни мерки кои ќе го унапредуваат поттикнувањето на иновации, истражување и развој, како и надградба на нови технолошките процеси на МСП секторот во земјата.

    „Проектот ќе поддржи имплементација на мерки за развој на капацитетите на МСП секторот, соработка и градење на силни врски со јавните институции и образовните институции во земјата, воспоставување на заедничка on-line платформа која ќе претставува виртуелен иновативен центар, развој на конкретни развојни проекти, програми за обука и мерки за зајакнување на иновативните капацитети на домашните компании“, - вели Димитар Ташковски од ФМСП.

    Иновативниот центар има за цел да стане онлајн заедница за МСП и да еволуира во глобален колаборативен систем, кој ќе биде корисен пред се за компаниите, преку размена на онлајн информации и знаења, вклучително и споделување на најдобрите практики.

    Членството во Иновативниот центар ќе биде отворено за субјекти кои се заинтересирани за иновации, компании кои имаат интенција да работат иновативно и конкурентно на пазарот.

    Главната цел на проектот е зголемување на конкурентноста на млаите и средните претпријатија во североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион, со поттикнување на активноста на различните актери во општеството, а со цел да се влијае врз конкурентноста на економијата на земјата преку иновации.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk