×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Институциите се должни да даваат информации од јавен карактер

    29.05.2014 08:33 | KumanovoNews

    За граѓаните и новинарите институциите во рок од 30 дена се должни да обезбедат информација од јавен карактер, велат од Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

    Институциите се должни да даваат информации од јавен карактер

    Според нив, доколку граѓаните усно побараат информација, треба да им се одговори во рок од 5 дена, а за писмено барање одговор треба да им се обезбеди за 30 дена. Ако по истекот на овој рок странката не добие одговор, тогаш може да се жали до Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

    - Новинарот во секоја институција ќе најде некој познат, ќе добие информација која ќе ја пласира во јавност, но во 90 отсто од случаите кога се работи за истражувачко новинарство тешко се добиваат овие информации. Новинарите можат да се жалат дека не ја добиле информацијата и комисијата ќе ги задолжи членовите. Може рокот е подолг, но сепак ќе се дојде до таа информација - изјави Цветан Станоевски од Комисија за заштита на првото за слободен пристап до информации.

    Во пракса се покажало дека граѓаните и новинарите најчесто информации од јавен карактер бараат од општините, јавните претпријатија, катастар и слично.

    - Досега барања за слободен пристап до информации имаат доставено од канцеларија на Народен правобранител, и општината по пат на посредување на информации. Секогаш се работело за информации побарани од надлежните органи, а граѓаните досега не побарале информација. Секогаш  сме одговарале истиот ден или утредента - вели Душица Сеизовска Јовановиќ од ЈП “Пазаришта“.

    На денешната обука за пристап до информации од јавен карактер присуствуваа претставници од Општина Куманово, јавните претпријатија и институции во градот.