Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ирена Илиевска од Куманово е именувана за директорка на Агенцијата за управување со одземен имот, од страна на Владата.
Таа е дипломиран економист за финансиско сметководен менаџмент, на Економскиот факултет на УКИМ во Скопје, а од 2005 година е раководител на Секторот за финасиско работење на Општина Куманово.
„Именувањето за мене е предизвик, кој сигурна сум дека успешно ќе го совладам. И до сега, како раководител на општинскиот финансиски сектор сум работела на слични предмети, па очекувам дека ангажманот на новата позиција и нема да биде големо изненадување и непознаница. Сакам да се заблагодарама на престедателот на ЗНАМ и партиското раководство, кои стојат и веруваат во моите професионални квалитети“, изјави Илиевска за Кумановоњуз.
Покрај факултетската диплома новата директорка има и дополнителна стручна наобразба, се здобила и со сертификати за финасиско и сметководствено работење, изготвување и спроведување на буџет на Единици на локална самоуправа и сертификат за јавни набавки.
Се очекува на новата функција да стапи во текот на наредната недела.