Мени

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

27.09.2017 11:20 | KumanovoNews

 Петнаесетгодишно девојче вчера исчезнало од својот дом.

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

Случајот во СВР Куманово вчера во 15 часот го пријавила нејзината мајка Ф.С. (38) од Тетово, со престојувалиште на ул. „Средорек“. 

Во полицијата жената кажала дека нејзината 15-годишна ќерка го напуштила домот и се оддалечила во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.