Ива Димитриевска најдобра на турнир во Врање
Пингпонгарката Ива Димитриевска од пинг понг клуб „Куманово“ освои златен медал на Отворениот турнир што вчера се одржа во Врањепо повод ослободувањето на градот.

Учеството на турнирот се реализираше на покана на пинг-понг клубот „Врање“ од Врање, Србија.
„Во мошне интересен финален натпревар со многу резултатски пресврти во текот на играта и победа од 3:2 во сетови над пингпонгарката Милица Петричевиќ од Врање, Ива го освои првото место. Освоен е златен медал, диплома и победничкиот пехар. Резултатската цел беше постигната, но и понатаму остануваат големите осцилации во играта што во овој момент ги покажува мојата пингпонгарка. Се надевам дека за недела до две ќе ги надминеме и тие мали потешкотии и на наредните турнири што не очекуваат ќе покажеме далеку подобра игра“- изјави Мики Трендафиловски, тренер.
Тој ги пофали домаќините за врвна организација и пречек на турнирот.