Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И.С. викендов успеал да избега од новиот затвор во кумановското село Кшање.
Бегството се случило во саботата околу 19 часот кога осудените лица ги спроведувале на вечера. Двајцата затвореници отишле до оградата на затворот од каде И.С. успејал да ја прескокне и да побегне, а полицијата го фатила С. Н. Веднаш била организирана потера по бегалецот, но безуспешно.
И.С. издржувал казна од година и пол за сторено разбојништво, а против него се воделе и други кривични постапки. Новиот затвор од полуотворен тип беше пуштен во употреба во септември лани.
Затворот е изграден според европските стандарди, опремен со најсовремен алармен и видео систем. Засега не е познато како И.С. успејал да го одбегне видео надзорот и да се најде на слобода.
(фото архива)