Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Манифестацијата „Избор на спортист на годината за 2013„ е одложена заради оддржувањето на претседателските и вонредните парламентарни избори, тврди градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој најавува дека прогласувањето ма мајдобрите спортисти за минатата година, најверојатно ќе се оддржи за две до три недели.
- Заради политичките случувања и изборните процеси ние одлучивме манифестацијата да не биде во овој термин. Се надевам дека за неколку недели ќе се организира. Средства се предвидени, тоа не се големи материјални трошоци меѓутоа поради кампањата дојдовме во позиција да не можеме тие манифестации да ги реализираме. Сега имаме чиста позиција и во мај ќе биде завршена таа работа - изјави градоначалникот.
Предлозите за најдобри спортисти се доставени до Општински сојуз на спортови и тие одлучуваат во чие раце ќе одат наградите.
Манифестацијата вообичаено се организира на почетокот на годината, но во Куманово таа доцни речиси 5 месеци, па граѓаните и заборавија на ланските достигнувања на спортистите.