Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Драгица Илиевска, психолог во Здравствениот дом Куманово синоќа беше избрана за координатор на Локалниот совет за превенција што во иднина ќе работи како независно тело за спречување на семејното насилство во Општината Куманово.
Илиевска ја доби подршката од претставниците на невладините организации и институциите кои се вклучени во работата на телото. Во раководството на Советот се избрани и Сузана Николиќ новинар, одговорно лице за информирање, Виолета Стојановска јавен обвинител, одговорно лице за превенција и Рената Стаменковска адвокат, одговорно лице за советување.
Раководниот тим има задача да ја координира работата на Локалниот совет на превенција и да работи на создавање на усови на заштита на жртвите од семејно насилство. Во работата се вклучени сите институции кои се должни да го спречат семејното насилство, а ние ќе настојуваме да помогнеме во борбата против оваа несакана појава, која е во пораст во општината. Советот има задача во секоја институција да назначи по едно лице кое ќе ја прифаќа жртвата и со тоа нема да се дозволи таа да неме каде да се обрати. Крајна цел на Советот е да отвори сигурна куќа за заштита на жртвите од семејно насилство- вели Илиевска.
Локалениот совет за превенција од семејно насилство беше формиран на иницијатива на Женскиот центар „Жена на 21 век„, а од септември продолжува да работи како независно тело.
Во советот се вклучени се и претставници од полицијата, судот, обвинителство, Центар за социјални работи, лекари, адвокати, медиуми, верски организации и образование. Стратегијата на Советот покрај Куманово ги опфаќа и општините Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Кратово. Работата на советот е подржана од Министерството за труд и социјална политика.