×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгоре автобус, повреден возачот и еден патник

    21.04.2012 11:51 | KumanovoNews

    На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во с.Долно Којнаре, целосно изгорел автобус, при што две лица се повредени.

    Изгоре автобус, повреден возачот и еден патник

    Во пожарот со изгореници се здобиле возачот Н.К.(43) од Куманово и патникот С. К. (28) од с.Матејче. Повредените се пренесени во Кумановската болница, но поради сериозноста на повредите препратени се во Градската болница во Скопје.  

     Пожарот избувнал по 19 часот, додека автобус „Волво Б 12“ сопственост на „Еуро линес-Фати“, се движел во насока на населбата Карпош,  во близина на кланицата „Црн бик„.

      Пожарот, најверојатно бил предизвикан од неисправна електрична инсталација. Возачот и патникот се обиделе самите да го изгаснат, а кога пожарот се проширил и го зафатил целиот автобус, тогаш повикале противпожарно возило.

     Доцна побрале помош, па кога колегите стигнале на лице место, во 19. 30 часот, автобусот бил целосно во пламен. Огнот го гаснеле две екипи со две противпожерни возила до 20.45 часот, но двокатниот автобус целосно изгорел -  велат од Противпожарната единица Куманово.

    Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Куманово, а  по наредба на Истражен судија, увидот ќе се врши денска во присуство на вештак за пожари.