Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во голем пожар вчера изгоре приземје од куќа во кумановската населба „Карпош“.
Според МВР, пожарот избувнал пред 16.00 часот во куќа сопственост на Г.Д., на улицата 105 во Куманово.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
„ТППЕ Куманово бележи една интервенција на опожарена семејна куќа во нас. Карпош на ул. 105. Интервенирано во 16,05 часот со 1 ПП возило и 5 пожарникари. Опожарен бил приземниот дел на објектот. Пожарот е локализиран и завршен во 18,00 часот. Причинета е поголема материјална штета, која како и за причината за пожарот допрва ќе се утврдува“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
(фото.архива)