×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изготвен проект за водоснабдување на Куманово и Липково

    16.11.2012 15:20 | KumanovoNews

     На седница на Североисточен плански регион, денеска беше образложен проект, кој ќе го реши водоснабдувањето на Куманово и Липково за период од над 30 години.

    Изготвен проект за водоснабдување на Куманово и Липково

    - Значајно е тоа што ќе се обезеди квалитетно водоснабдување за Куманово, Липково и околните населби. Ќе се надмине критичниот период посебно во летните месеци. Проектот се базира на зафаќање на вода околку акумулација Глажња, и за двете општини со тоа што комплетна контрола на испорачаната вода кон корисниците ќе биде со еден систем за мониторинг и управување. Ќе се примени опрема со која што далечински ќе може да се мери и регулира протокот за зафатената вода - вели Емилија Спировска, технички менаџер на “Хидроенерго инженеринг“.

    Градоначалникот Зоран Дамјановки вели дека на ваков начин ќе се реши проблемот со дотур на вода. Станува збор за 17 км мрежа, која ќе овозможи непречено снабдување со вода.

    - Протокот на водата ќе биде со можност над 500-600 литри во секунда за Куманово. Тоа е услов за понатамошна наша активност, за изработка на студија и барање на инвеститори за овој проект кој ќе го чини нашиот град 5,5 милиони евра, а за Липково ќе биде 3,5 милиони евра - објаснува Дамјановски.

    Тој се надева преку некој од европските фондови ќе се добијат средства за реализација, а проектот ќе помогне за заштеда на вода и нејзино рационално трошење.