Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред неколку дена излезе од печат 25 - от по ред Пензионерски информатор со активностите реализирани во првите шест месеци од годинава.
Во списанието имаме еден пресек на се што сме сработиле. Содржините ги пишуваат наши членови, лекари и професори во пензија. Од 56 здруженија на пензионери во Македонија, ние сме едни од ретките кои имаат информатор, а другите печатат билтени. Обично печатиме по два броја годишно. Следниот ќе излезе пред Нова година - изјави Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Пензионерскиот информатор е испечатен во 450 примероци на македонски и 150 на албански јазик.
Здружение на пензионери Куманово списанието го издава 13 години.