Излезe oд печат „Страната на срцето“ од Лидија Максимовиќ
13.01.2016 12:49
| KumanovoNews
Неодамна излезе од печат збирката поезија “Страната на срцето“ од Лидија Максимовиќ од Куманово.

На авторката ова и е прва книга и таа содржи 79 љубовни песни.
„Песните се љубовни, има многу чувства во нив. Ова беше мој сон, моја желба и отсекогаш сакав да се реализирам на тој план, бидејќи долги години пишувам поезија. Книгата ќе биде промовирана во Куманово“- рече Максимовиќ.
„Страната на срцето“ ќе биде промовирана во март пред кумановската јавност. Максимовиќ е член на литературниот клуб „Обединица“.