Изложба „Фото арт група Ф7 и пријатели 2010-2015“
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утревeчер во 19.30 часот, ќе биде отворена меѓународната изложба на фотографии со наслов „Фото арт група Ф7 и пријатели 2010-2015“.

Изложбата содржи 48 фотографии работени во црно бела и колор техника.
Изложбената поставка го носи епитетот на сериозни авторски остварувања преку авторските објективи. Претставува состав од млади автори и доајени од фотографската фела, што зборува за еден зрел проект, замислен целосно да го оправда своето претставување во Куманово, пред почитувачите кои ја сакаат фотографијата.
Изложбата „Фото Арт група Ф7 и пријателите“ сведочи за контактите на групата со останатиот фотографски свет на бројни изложби, колонии, средби, како и претставување на нивните пријатели пред кумановци, во изложбениот салон на „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Селектор на изложбата, КМ. ФСМ е Душан Доцевски, а фотографиите ќе бидат поставени до 20 јануари 2016 година.