×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба “Македонија во светот на хералдиката“ во Куманово

    10.07.2024 10:19 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утре  во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Македонија во светот на хералдиката“.

     

    Изложба “Македонија во светот на хералдиката“ во Куманово

    На изложбата ќе бидат претставени над 70 грбови поврзани со Македонија почнувајќи од 14 до 21 век. 

    Изложбата на 35 панели се состои од два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од 15-18 век, поделен во 3 дела: Грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија. Вториот дел е за современи македонски грбови, поделен во 3 дела: грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови.

     Автори на изложбата се потпретседателот Иван Нацевски и претседателот д-р Јован Јоновски на Македонското грбословно друштво, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски, од истото друштво, кое е единственото стручно тело по хералдика во Македонија.
     
    Промотор на изложбата е публицистот Ставре Џиков. Изложбата ќе биде поставена до 25.07.2024.

    Изложбата се организира по повод 10 јуни, Светскиот ден на хералдиката, во соработка на Македонското грбословно друштво и Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

    На 10 јуни 1128 година, во Руен (сегашна Франција) англискиот крал Хенри I го прогласи својот иден зет, Годфри Плантагенет за витез. Во таа прилика му е доделен грб, на син штит, шест златни лавови 3-2-1, кој се смета за прв запис за доделување на грб во историјата. Затоа овој датум се прославува како светски ден на хералдиката.
      
    Хералдика или грбословие е наука која се занимава со правилата кои владеат при дизајнирањето, блазонирањето (опишување, читање) на грбовите. Хералдиката е севкупност на грбови како симболичен идентитет на поединци и групи и земји. Хералдиката е уметноста на исцртување на грбовите.