Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре вечер во 19 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Жените фотографираат“.
На изложбата 11 авторки од Фото кино клубот “Козјак“ ќе презентираат 50 фотографии . Фотографиите се на Ана Андоновска, Билјана Божиновска, Наташа Зафировиќ, Сања Величковска, Марјана Павличек, Ивана Димитриевска, Александра Димитриевска, Марија Јовановска, Емра Салких и Анастасија Стефановска.
Во првата половина на 20 век, фотографирањето било машки занает, а потоа жените почнале да покажуваат интерес за фотографијата. Жените се посуптилни, забележуваат детали и изработуваат одлични фотографии. Во рамки на изложбата ќе биде прикажан пресек од делата кои се сработени последниве години. Значаен дел од членството на ФКК “Козјак“ отпаѓа на жените. Тие учествуваат на бројни изложби и постигнуваат добри резултати.
Изложбата ќе трае до 19 март.