×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографија “Полска во објективот“

    14.01.2015 09:39 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографија “Полска во објективот“.

    Изложба на фотографија “Полска во објективот“

    Изложбата ја реализираат Центарот за култура во соработка со Амбсада на Република Полска во Македонија и Македонско - полско културно друштво “Вардар“ од Скопје.

    “Полска во објективот“ е избор на фотографии од богатата, така наречена “Шлонска колекција на фотографии“, која покрај класичната хартиена верзија, поседува и соодветна електронска форма. Колекцијата е при Галеријата во Катовице, чии сопственици се членовите на Здружението на полски уметници фотографи, Оддел Шлонски во Катовице. Одделот датира од 1934 година, основан од Јузеф Хавличек, а Галеријата работи повеќе од 30 години и за тој период има реализирано повеќе од 300 изложби на фотографии.