Мени

Изложба на накит од Филип Митевски

10.12.2015 14:49 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија во Куманово утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба со накит од Филип Митевски.

Изложба на накит од Филип Митевски

Изложбата е со наслов „Биди различен“. Митевски и летово организираше изложба со рачноизработен накит во Куманово. Повеќе од пет години се занимава со изработка на накит, а своето знаење го надградувал во Софија, Бугарија.