×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слика на Димитар Малиданов

    20.03.2014 10:15 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Уметничката галерија, утре во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на дела на академскиот уметник Димитар Малиданов.

    Изложба на слика на Димитар Малиданов

    Изложбата се реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност од Скопје, како дел од проектот " Кич, да !?/ Сте или не "/ 2013.

    Авторот  е роден 1946 година во Саракиново, Воденско. Дипломирал на одделот за сликарство на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, каде завршил и постдипломски студии по графика. Специјализирал литографија на Е.Н.С. де Бозар во Париз. По отворањето на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје тој се вработил како професор по графика, а извесно време бил и декан на факултетот. Досега имал триесеттина самостојни изложби, а учествовал и на преку 200 групни изложби во Република Македонија и надвор од неа. Покрај тоа учествува на ликовни колонии и работилници дома и во странство. Во 2001 година под неговото менторство се одржа графичката работилница, посветена на техниката сува игла. За својата уметничка и педагошка работа Малиданов има добиено високи награди и признанија. Добитник е на највисоката награда за уметност на Република Македонија, награда 11 октомври.

    Изложбата за сите љубители на уметноста ќе биде отворена до крајот на месец март.