Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” задутре во 19 часот ќе биде отворена триенална изложба на слики и графики од Детски ликовен камп АСНОМ.
На изложбата ќе бидат претставени дела од учесници од сите три години на одржување на кампот и тоа 2011, 2012 и 2013 година. Вкупно на изложбата ќе бидат претставени 23 слики – акрил на платно и 41 графика – техника монотипија.
Сите изложени дела ќе бидат донирани на Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“ за да се олесни нивното функционирање и реализирањето на нивните активности.