Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утревечер во 19.30 часот во изложбениот салон на Уметничката галерија, ќе биде отворена изложба на слики на Томо Шијаковиќ-Шијак.
На изложбата ќе биде претставено дел од творештво на Шијак, портрети и автопортрети, изработени во шеесетите години на 20 век.
Томо Шијак е еден од доајените на македонското сликарство, се вбројува меѓу автори со најмногу ликовни ставови, а следствено на тоа е и протагонист на најсовремените светски трендови.
Изложбата се реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. За сите љубители на ликовната уметност, изложбата во Куманово ќе трае до средината на мај.
М.Георгиевска