×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографија „Православие“ во Уметничката галерија во Куманово

    13.06.2024 14:32 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија во Куманово утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија  „Православие“.  

    Изложба на фотографија „Православие“ во Уметничката галерија во Куманово

    На изложбата ќе бидат претставени 32 фотографии изработени од српскиот уметник Рајко Р. Каришиќ од Белград, Р. Србија.

    „На изложбата ќе бидат изложени фотографии, од манастири и православниот живот од Балкан со посебен осврт на манастирот Хиландар од Света гора. Посебна тежина на изложбата даваат и фотографиите настанати од манастирите во Македонија“, велат организаторите.

    Изложбата ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус е организатор на настанот. Со финансиска поддршка од Општина Куманово, во износ од 10 илјади денари. Покровител е Фото Сојузот на Македонија.