×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ во Центарот за култура во Куманово

    07.03.2023 11:19 | Оливера Пешевска

    Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена националната изложба „Жените и фотографијата“, која ја организира Фото клубот Куманово по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

    Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ во Центарот за култура во Куманово

    На изложбата ќе бидат поставени над 50 фотографии на две теми.Ставен е акцент на жената - нејзината појава и улоги во еден организиран визуелен облик кој заслужува внимание, и слободна тема како простор за интерпретација на светот околу себе виден преку објективот на жените автори.

    „Проектирани се личните доживувања на стварноста и феноменот на секојдневието со разновидни стилски определби, но со исти цели во естетска и емотивна основа на своето творештво, изразувајќи се во жанрот кој највеќе соодветвува со нивниот сензибилитет. Разновидноста, актуелноста и автентичноста на нивните уметнички сфаќања и толкувања, високиот степен на естетска свест ги чини рамноправни членови во оваа креативна дејност“, велат организаторите од Фото Клуб Куманово.

    На изложбата учествуваат познати фотографки и ученички кои беа дел од проектот кој го организираа актерки, фотографки и сликарки.

    Коорганизатори на изложбата се Центарот за култура и Општина Куманово.