×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Влахо Бранѓолица во Куманово

    26.11.2014 09:10 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата “Каламота - подалеку од светло“ на авторот Влахо Бранѓолица.

    Изложба на Влахо Бранѓолица во Куманово

    Изложбата се реализира во соработка со Заедницата на Хрватите во Република Македонија – огранок Куманово. Бранѓолица по трет пат се претставува во Куманово.  Тој е роден во 1960 година во Скопје, во семејството на композиторот Љубомир и балерината Вера Бранѓолица. Дипломирал на Педагошката академија, a во 1987 година и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 1995 година се стекнува со титулата Магистер Артиум на Високото училиште за применети уметности во Виена и најпосле магистрира и на ФЛУ со одбрана на мултимедијалниот проект "Нулта точка и морето на светлината". Авторот широка активност во доменот на визуелните комуникации каде како изразно сретство најчесто го користи фотографскиот медиум. Од 1999 до 2001 година предава во Школото за креативна фотографија при ЦХР во Скопје. Предава фотографија на ФЛУ, а од 2007 година е вработен како професор на Академија Италијана во Скопје. Изложувал самостојно на три графички и пет фотографски изложби. Бранѓолица е добитник на повеќе награди, во и надвор од Македонија.