Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Развојот на царските двери во кумановско“.
Автор на изложбата е Валентина Андреиќ, кустос историчар на уметноста при Музеј Куманово. Ќе бидат прикажани царските двери како најдекоративен дел од најмонументалниот елемент во христијанските цркви, иконостасот. Почнувајќи од најстарите двери од Манастир Карпино и Двојната црква во Сув Орах, дверите од втората половина на 19-от век, како и од периодот меѓу двете светски војни (1918 - 1940). Ќе бидат претставени двери од преку триесетина цркви во кумановско, во резба, насликани и со делумна резба, како и целосно насликани двери. Изложбата ќе биде презентирана на преку 30 колор постери, цртежи и примерок на автентични царски двери, а ќе ја отвори Славица Крстиќ,советник, историчар на уметноста во Музеј - Куманово.
Изложбата ќе трае 10 дена.