Изложба “Ромска носија низ децении“
07.04.2014 07:46
| KumanovoNews
По повод 8 април - Светскиот ден на Ромите, утре во Уметничката галерија ќе се отвори изложба насловена како “Ромска носија низ децении“, во организација на Музеј Куманово и Национален ромски центар.

На изложбата ќе бидат презентирани над 15 ромски носии. Каталогот за изложбата е издаден под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Изложбата се отвара во 12 часот.