Мени

Изложба „Водени записи“ на Марина Цветановска-Мартиновска и Ивана Ожетски во Куманово

09.06.2026 14:15 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија во Куманово, утре со почеток во 20 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Водени записи“ на академската уметница Марина Цветановска-Мартиновска од Куманово и визуелната уметница Ивана Ожетски од Република Хрватска.

Изложба „Водени записи“ на Марина Цветановска-Мартиновска и Ивана Ожетски во Куманово

Станува збор за мултимедијален проект кој, покрај ликовните дела, вклучува и музичка изведба на пијанистката Билјана Петровски.

Куратор на изложбата е Драгана Спасковска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.