×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложени делата од кавадаречките ликовни уметници

    22.01.2016 09:45 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена годишната  изложба на дела од ликовните уметници од Кавадарци.

    Изложени делата од кавадаречките ликовни уметници

    Посетителите имаа можност да разгледаат дваесетина дела работени во различни техники.

    „Презентирани се различни дела, работени претежно во техниката масло на платно, но може да се види и работа со материјали, со стакло, графика цртежи, акварел и две скулптури. Оваа изложба е доста богата и разновидна“ - кажа Роберт Цветковски, стручен соработник во  Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Друштвото на ликовни уметници Кавадарци  постои 4 децении и е една од најстарите ликовни асоцијации во Македонија. Брои 40 члена, познати во земјава и странство.

    „На оваа изложба учествуваат различни генерации уметници, дел од основачите на друштвото до најмладите уметници. Годинешнава изложба е посветена на еден од основачите и долгогодишен претседател на друштвото Ристо Соколов Сокол,„-вели Марјан Тодоровски, секретар на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци.

    Изложбата ќе трае до 4 февруари годинава.