Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Маж на возраст од околу 30 години во 17 часот е убиен на улицата „11 Ноември„, пред зградата на Брза помош во Куманово.
Во него било пукано со пиштол, од возило во движење, кое побегнало од местото на настанот. Повредениот бил пренесен во кумановската болница каде лекарите констатирале смрт. Од извори од болницата дознаваме дека човекот бил изрешетан со куршуми во пределот на вратот, градите и стомакот.
Полицијата го обезбедува местото на убиството и врши увид. Повеќе информации најавија во текот на вечерта.