Јавна дискусија „Мигрантите не се само бројка“
„Мигрантите не се само бројка” е темата на јавната дискусија, која во организација на Здружението Диверзити Медиа ќе се одржи во сабота во 12 часот во „Евро Колеџ“.

Дискусијата се одржува во рамки на проектот Глокал Дискусии.
„Дискусијата ќе биде отворена за публиката. Целта на оваа, како и на останататите 11 јавни дискусии е да се потикне дискусија, но, и да се зајакне доброто владеење, давајќи им глас на сите да го изразат мислењето за теми битни на целото општество. Граѓаните на Македонија ретко имаат можност лично да присуствуваат на дебати за актуелни теми со претставници на интелектуалната, уметничката, академската и експертската јавност на Македонија. Уште помалку шанси добиваат да почуствуваат дека на тој начин активно треба да придонесат за решавање на проблеми и подобрување на животните услови на локално ниво“- велат организаторите.
Вкупно шест различни теми ќе бидат дискутирани во 12 различни града, а во периодот до август 2016, Диверзити Медиа ќе изработи и 12 медиумски производи од јавните дискусии.
Проектот е подржан од Civica Mobilitas, имплементиран од МЦМС и НИРАС.