×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јавно се дебатираше за ромските прашања

    26.09.2012 09:45 | KumanovoNews

     Општина Куманово направила најмногу проекти за образованието на Ромите, а најмалку во секторот здравство.

    Јавно се дебатираше за ромските прашања

    Вчера се одржа јавна расправа за Нацрт Акциониот план на Општината Куманово на која беа презентирани предлозите и идеи за подобрување на условите и животот на Ромите во сверата на  вдомување, образование, вработување и здравство.

    Општина Куманово изработува ваков план по втор пат. Во периодот 2007 - 2012 година беше направен првиот документ кој исто така беше разгледан од работната група. Сите информации беа сумирани и разгледани од страна на Советот и извештајот беше усвоен.Тој материјал беше разгледан од повеќе субјекти, и беа констатирани позитивните и негативните страни. Грешките гледавме да ги нема во вториот план - рече Елизабета Цветковска, координатор на работна група за изработка на Локален акционен план.

    Еден од предлозите е да се изгради градинка онаму каде доминантно е ромското население. Ромските деца да се вклучат во проектот “Мозаик“ кој подразбира билингвално образование каде веќе се интегрирани македонски, албански, српски деца. Преку невладините организации ќе продолжи праксата да се даваат стипендии за студенти од ромска националност.

    Во населбата Средорек  според сегашните урбанистички планови на површина од 6 хектари е предвидена зелена површина , и во моментот домовите кои се наоѓаат на таа површина не можат да се легализираат. Локалната самоуправа ја разгледува можноста за решавање на ова прашање со новиот Генерален урбанистички план , имајќи во предвид дека сите нема да можат да бидат легализирани. За тие домови ќе се бараат соодветни алтеранативни решенија.

    Жителите на Бавчи ќе добијат патишта, канализација и урбана опрема.

    На расправата беше споменато дека парите од фондовите за Декадата на Ромите се намалени. Ако на пример од Министерството за здравство, пред некоја година се издвојувало пет милиони денари за таа намена , сега истото Министерство за тие проекти издвојува само милион денари.

    Претставници од локалната самоуправа, Државниот просветен инспекторат,  ромските невладини организации, Центарот за социјални работи и Агенцијата за вработување дискутираа за она што досега е сработено и допрва треба да се направи за ромската популација. Дел од присутните сметаат дека Општината и Владата треба најмногу да вложат за ромската заедница и да не се чека истото да го сработат донатори.