Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хрватската поп-пејачка Јелена Розга ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово по повод Денот на ослободување на Куманово- 11 Ноември.
Концертот ќе се одржи во недела на 10 Ноември со почеток во 21 часот. Предходница на Розга ќе биде настапот на неколку локални музичари. Концертот ќе трае два часа, по што ќе следува спектакуларен огномет.
Во чест на празникот на градот, локалната самоуправа ќе организира повеќе спортски и културни настани кои ќе започнат кон крајот на неделата.
Првите активности ќе ги одржат пензионерите со литературен поетски конкурс, а на 6 ноември ќе ја изведат претставата “Р“ од Јордан Плевнеш.
На 6 и 7 ноември ќе се оддржи турнирот во мал фудбал “11 Ноември“ за пехар на градоначалникот во организација на Општински сојуз на спортови, а натпреварите ќе се играат во Спортската сала во 19 и 20 часот.
На 7 ноември ќе се оддржи ликовната изложба “Карпино 2013“ во Центар за култура “Трајко Прокопиев“ во 19 часот во организација на здружение на граѓани “Карпино“.
Во Уметничка галерија на 8 ноември во 19.30 часот ќе се отвори Ликовна изложба на кумановски ликовни уметници.
Отворен турнир во пинг - понг “Куманово 2013“ ќе се оддржи на 9 ноември во организација на пингпонгарски клуб “Куманово“. Натпреварите ќе се играат во Гимназија “Гоце Делчев“ со почеток во 10 часот.
На 9 ноември ќе се оддржи Празијада во село Режановце со почеток во 11 часот.
На 10 ноември ќе се оддржи 11 - ти Меѓународен Куп на спортско риболовство “11 Ноември 2013“ на езеро Гогомон во 10 часот. Настанот го организира ЗСР “Пчиња“. Истиот ден ќе има и вело крос.
На Градскиот плоштад на 10 ноември со почеток во 20.30 часот ќе се оддржи мега концерт на кој ќе настапи хрватската пејачка Јелена Розга.
На 11 ноември во 11 часот свежо цвеќе ќе биде положено на Спомен Костурница со пригодна програма, а Советот на Општина Куманово истиот ден ќе има и свечена седница.
На 12 ноември во 12 часот свечено ќе биде пуштена во употреба чешмата која ја гради заменик градоначалникот на Истанбул, Ѓоксел Ѓумушдаг кој по потекло е од Куманово.