Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јован Илиевски (29) од Куманово го фати крстот во осветените води во базенот на соборниот храм „Свети Никола”.
Јован беше најбрз од триесетината момчиња кои скокаа по крстот.
„Петти пат скокам по крстот, оваа година имав најмногу среќа. Посакувам најмногу здравје, среќа и успех, на сите граѓани. Им порачувам на младитеда ги има повеќе наредната година, изјави Јован Илиевски.
Илиевски е невработен и една од желбите е да најде вработување.
Тој од свештенството на „Св. Никола“доби икона и свет крст, а подароци му врачија и од Општина Куманово, од бизнис заедницата и од политичка партија.
Граѓаните на Куманово денеска масовно го одбележаа празникот Богојавление - Водици во црквата "Св. Никола", и во другите храмови во општината.
Во црквите утринава прво се служеа свети богојавленски литургии, а потоа во базените се одложуваше крстот.