Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалник на Општина Старо Нагоричане престојува во дводневна посета на Ќустендил, каде започува реализација на проектот „Европа за граѓаните во малите општини“, кој е финансиран од Европската Комисија.
На настанот присуствуваат партнер организациите од Македонија, Бугарија и Словенија, како и претставници на општина Ќустендил, Владата и претставници на граѓанскиот сектор.
Целта на проектот е доближување на идејата на заедничка Европа до граѓаните преку промоција на културна автентичност и споделување на најдобри практики во малите општини на земјите партнери. Проектот ќе трае до месец јануари, 2013 година, каде се предвидени повеќе настани кај сите партнер организации.