Јубилејна крводарителска акција на СДСМ
15.03.2012 14:17
| KumanovoNews
Општинската организација на СДСМ утре организира крводарителска акција. Традиционалната акција по 10 пат се организира по повод Денот на крводарителите и Црвениот крст.

„Досега сме имале извонредна посетеност на нашите акции, и верувам дека и утре ќе биде така. Сите кои се во дилема дали да дојдат, нека помислат дека со секое крводарување се спасува нечиј живот- вели претседателката на СДСМ Снежана Захариева.
Акцијата ќе се одржи во просториите на СДСМ од 11 до 16 часот.